Спикерот Митревски секој ден патува од Струга, така утврдиле безбедносните служби

 

Функцијата претседател на Собранието со себе носи поголеми одговорности. Таа бара поголемо внимание и ангажман, вели спикерот Јован Митревски во интервју за „360 Степени“ на МРТ 1.

 

-Стварно сум тука долг период. Бев во комуникација секојдневна и целодневна со претседателот Џафери, меѓутоа, секако, ова е многу поголема одговорност. Бара и многу поголемо внимание, бара повеќе ангажираност. Фактички целодневната агенда ми е тука во Собранието. Секако, средби со претставници на странски амбасади, организации, интервјуа итн. Огромна документација, исто така, доаѓа кај претседателот на Собранието и бара огромен ангажман, вели Митрески.

Секој ден патува на релација Струга – Скопје – Струга. Безбедносните служби утврдиле дека тој треба да живее во родниот град.

-Тоа е проценка на безбедносните структури, затоа што обезбедувањето на претседателот на Собранието бара посебен ангажман. Разговарав тоа да биде минимално можно, меѓутоа нивна одговорност е и не би сакал да наштетам, да не им го загрозам лебот што го заработуваат. Оставам на нивната проценка како треба да се одвива таа работа. Да, тешко ми е патувањето, меѓутоа останува на нивната проценка. Патувањето од Струга до Скопје е некаде еден час и 45 минути, вели Митревски.

05.02.2024 - 22:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега