Спасовски за ТВ 24: Ново упатство за постапување по електронските дојави за бомби

 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски гостувајќи во емисијата Студио 10 на ТВ 24 беше прашан за лажните дојави за бомби, при што Спасовски даде краток осврт:

„Ова е еден интензивен хибриден напад кој ни се случуваше од 19 октомври, па до денеска, на територија на целата држава, во средните а потоа и во основните училишта. Имавме зафатени повеќе од 720 објекти со вакви лажни дојави, иако не само во училишта, туку и во други комерцијални објекти. Што е најважно? Најважно е дека во полн капацитет активно работеше МВР и сите безбедносни служби. Дојавите се лажни, безбедноста во ниту еден момент не беше загрозена и во целиот тој период мораше да се постапува по Упатствата кои беа во важност целиот тој период”, рече министерот Спасовски.

Истакнувајќи дека беше направен оперативен тим во рамки на Владата, во кој беа вклучени сите институции, Агенција за национална безбедност, Агенција за разузнавање, Агенција за електронски комуникации, сите релевнатни структури со свои експерти, Спасовски потенцираше дека разменети се сите податоци и барани се соодвтени решенија, со цел да има поинаков пристап во однос на електронски најави.

„Можам да кажам дека како министер донесов посебно Упатство коешто е за постапување во вакви случаи и врз основа на ова Упатство од петок минатата недела се работи заедно со училиштата, со Министерството за образование и наука и тука морам да ја истакнам исклучително добрата соработка”, рече министерот Спасовски.

06.03.2023 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега