Спасовски за МРТВ: Сите граѓани во недела да дојдат во Охрид - ќе го славиме денот на полицијата
„Горд сум што нашата држава ја доби довербата да ја организира оваа јубилејна конференција на најголемата светска полициска организација ИНТЕРПОЛ. Ќе имаме 123 високи делегати, со присуство на претседателот, генералниот секретар и извршниот комитет на ИНТЕРПОЛ, министри, директори на полиции и други високи гости. Меѓународната организација за криминалистичка полиција – ИНТЕРПОЛ е најголемата меѓународна полициска организација, во која членуваат 194 земји од светот. Формирана е во 1923 година, со цел да ја олесни меѓународната полициска соработка, како и да им даде поддршка и помош на сите организации, служби и сервиси, чија задача е превенција и борба против меѓународниот криминал. Нашата држава станува членка на ИНТЕРПОЛ 62 Генерално собрание одржано 1993 година во Аруба.“ , рече министерот Спасовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа