Спасовски: Интензивна соработка со МВР на Србија, разменети искуства

 

Топло добредојде во Белград од страна на мојот српски колега, МВР на Република Србија, Братислав Гашиќ, на чија покана денеска сум во работна посета на Министерството за внатрешни работи на Република Србија, со цел да оствариме билатерална средба да ги размениме нашите искуства и мислења за продлабочување на соработката, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

На средбата било истакнато дека градењето меѓусебна доверба и регионалната соработка се клучни елементи за стабилноста на нашите земји, но и во целост за регионов.

- Во однос на билатералната стратешка и оперативна соработка помеѓу двете МВР, можам да констатирам дека истата се реализира доста интензивно, како преку продуктивната договорна соработка, така и преку непосредни контакти на двете полициски служби, решавање на заеднички случаи, мешани патроли, вршење на гранични проверки и воопшто преку спроведување на заемна партнерска полициска соработка, придонесувајќи на тој начин за зачувување на безбедноста и стабилноста во двете држави и во регионот, напиша Спасовски.

Спасовски објави дека може да пренесе само пофални зборови за соработката со српските колеги, кои се присутни на нашата јужна граница во Заедничката операција за засилен надзор на јужната граница и кои преку своето искуство, знаење и утврдени практики на работење, придонесуваат кон развивање на капацитетите на македонската гранична полиција.

22.02.2023 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега