Спасовски: Бадник нè потсетува на важноста на семејните вредности и споделената надеж

 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска упати честитка во која посака радосно и благословено празнување на Бадник.

-На овој светол ден, Бадник, предвечерието на Божик, со топлина во срцата и радост во душите ги пречекуваме најсветлите моменти на заедништвото и традицијата, напиша Спасовски на Фејсбук.

Според министерот, овој празник нè потсетува на важноста на семејните вредности, на заедницата и споделената надеж. Во овие свети моменти, како што посочува, да не заборавиме и на оние кои имаат потреба од подадена рака на солидарност и поддршка.

-Нека бадниковата вечер ни донесе обнова на христијанските вредности и обединување во заедничките стремежи за подобра иднина. Со овие мисли, ви посакувам радосно и благословено празнување на Бадник. Нека светлината и радоста на празникот ве следат низ целата нова година.Честит Бадник!, се вели во објавата на Спасовски.

06.01.2024 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега