Советник на Мицкоски предложен за амбасадор во Франција

 


Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека еден од неговите советници, Игор Николов, кој го советувал за здравствената политика, е предложен да биде нов амбасадор на земјата во Франција.

„Еден од советниците, кој беше со полно работно време, е професор доктор Игор Николов. Тој беше мој советник во делот на здравствената политика, а договорот ќе му престане бидејќи во текот на вчерашната седница беше предложен од страна на Владата да биде нов амбасадор на нашата држава во Франција“, изјави Мицкоски.

Премиерот претходно вчера соопшти дека има вкупно 17 советници, а на новинарско прашање одговори и колку ги плаќаат граѓаните преку буџетот.

„Вкупно имам 17 советници. Сите советници, ќе ги имате имињата, сите тие 17 советници земаат плата во вкупна вредност од 60 илјади денари. Со исклучок на оние што се на полно работно време, тројца или четворица, кои се во Владата, имаат хонорари од 90 илјади денари месечно“, рече Мицкоски.

Додаде дека и набргу ќе бидат објавени нивните имиња, иако не прецизира кога.

29.01.2025 - 15:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега