Советниците на ВМРО-ДПМНЕ до Арсовска: Никој не ви се плаши

Денеска имаше жестоко препукување помеѓу новиот в.д. директор на ЈСП Александар Стојкоски кој е кадар на градоначалничката Данела Арсовска и советници од ВМРО-ДПМНЕ.
Советничка група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата ги осудија заканите за физичка пресметка на директорот на Арсовска кон колегата Советник Јаневски.
 
„Почитувани,
 
Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија најостро ги осудува заканите за физичка пресметка упатени од Директорот на ЈСП поставен од Данела Арсовска, Александар Стојковски врз колегата советник Филип Јаневски.
 
Кога има недостиг на аргументи тогаш има закани, и уцени како израз на слабост и паника.
 
Тоа говори дека Директорот на ЈСП поставен од Данела Арсовска, а кој доаѓа од партијата СДС, нема храброст да се соочи со аргументите. Тендер коалицијата на Арсовска со СДС, ГРОМ и крими поединци треба да каже дали ова е модерното Скопје кое скопјани го очекуваа?
Арсовска да излезе од крими матрицата и да почне да работи за скопјани. Никој не ви се плаши“, се вели во нивното соопштение.
29.09.2022 - 23:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа