Сопружници физички се пресметувале во скопски Аеродром

 

Две лица од странство кои биле во вонбрачна заедница вчера физички се пресметале во скопски Аеродром.

На 01.02.2024 во 14.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле 34-годишната А.Д. од Малта и В.Б.(32) од Италија, кои живееле во вонбрачна заедница, затоа што околу 13.00 часот на подрачје на Аеродром, по претходна расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Тие биле задржани во Полициската станица Аеродром и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава - соопштија од МВР.


 

 

02.02.2024 - 16:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега