Сопругот на Јанкуловска: Осудените лица се третираат како граѓани од трет ред

На екс министерката Гордана Јанкуловска, како и на останатите затвореници од женски пол им е оневозможено да ги користат законските погодности коишто ги имаат затворениците мажи. Ова неодамна го посочи Комисијата за заштита од дискриминација, а на оваа тема вечерва, во емисијата „360 Степени“ на Алсат, говореше и сопругот на Јанкуловска, Влатко Илиевски.

„Осудените лица се третираат како граѓани од трет ред. Ги множат со нула. Никој не се грижи за нивните законски загарантирани права. Со оглед на тоа дека станува збор за женскиот дел од осудените лица, кадешто изминативе години немало звучни имиња коишто би можеле да го артикулираат овој проблем, биле оставени сами на себе. Тука работата не си ја завршиле ниту Народниот правобранител, ниту Хелсиншки, ниту други органи“, вели Илиевски.

31.03.2023 - 23:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега