Сончево и топло: Денеска температури до 27 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во источните делови со услови за слаб локален дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната од 19 до 27 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 25 степени.

30.04.2024 - 09:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега