Сончево ама многу ладно - Утре лоша промена со времето

 

Времето утрово е ведро и студено, а преку ден ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.

Во Скопје, ведро и студено утро, преку ден сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 15 степени.

Според прогнозата на УХМР, следува период на стабилно и потопло време, освен утре (четврток) кога ќе има локални врнежи од дожд, а на планините снег.

- Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

09.04.2025 - 07:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега