Сојузот на борците со поддршка за Зоран Заев и коалицијата „Можеме“

Главниот одбор на Сојузот на борци на НОАМВ на изборите в среда ќе ја поддржат Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и нивниот лидер, Зоран Заев.

Писмото кое било испратено до Заев, тој го објави на социјалната мрежа Фејсбук.

-Ви благодарам! Нивната борба за слобода е темелот на нашата борба за слобода. Голема чест ми е што зад исправните политики на СДСМ во изминатиот период застанува и Сојузот на Борци и граѓаните поддржувачи. Тоа значи дека сме на вистинскиот пат. Борците ја обезбедија слободата и независноста, а денес обезбедуваат продолжување по патот на развојот, интеграцијата и напредокот. Благодарам почитувани борци, заедно со вас ќе ја добиеме и оваа битка и ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро за сите, напиша Заев во објавата на ФБ.

Ви благодарам! Нивната борба за слобода е темелот на нашата борба за слобода. Голема чест ми е што зад исправните...

Posted by Zoran Zaev on Saturday, 11 July 2020

12.07.2020 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега