Со возило се искачиле по затворениот пат, се заглавиле и барале помош, спасувачка акција на Галичица

Спасени се лица кои со своето возило се искачиле на Галичица, по патниот правец кој долго време е затворен за моторни возила.

Како што информираа од Центарот за управување со кризи, повикот за помош стигнал рано утринава, а акцијата траела од 5 до 8 часот.

Веднаш била известена Единицата за спасување на планина во Охрид, коишто, согласно временската видливост, итно се упатиле на терен за да помогнат.

Паралелно, службите комуницирале со лицата во заглавеното возило за да дознаат повеќе за нивната состојба, по што ги информирале дека спасителите се на пат за нивно извлекување.

18.01.2024 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега