Со просечната плата во Македонија се купуваат 350 литри дизел - во Грција 650 литри

 

Првиот човек на регулаторната комисија а вчера и Министерот за економија објавуваат графикони со кои покажуваат дека во моментов горивата во Македонија се меѓу најевтините во регионот. Тие порачуваат дека и по поскапувањето денеска Македонија повторно ќе има најевтини горива во опкружувањето. Сепак, треба да се има предвид дека земјава е и меѓу оние кои имаат најниска просечна плата во опкружувањето и поради тоа, со просечната плата во Македонија може да се купи значително помалку гориво отколку со просечните плати кај земјите од регионот. На пример, според пресметките на Реглуаторна, најскапо гориво во регионот има Грција. Сепак, со просечната плата кај јужниот сосед може да се купат над 650 литра горива додека со просечната плата во Македонија едвај над 350.

07.03.2022 - 20:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега