Со лажни документи регистрирале полициски синдикат, кривични за велешанец и битолчанец

 

 

Oбвинителството од Велес поднесе Обвинителен предлог против велешанец за фалсификување исправа и употреба на исправа со невистинита содржина, а уште едно лице се товари му помогнало да ја употреби исправата.

На 6 март, во простории на СВР Велес, првообвинетиот 42-годишен велешанец измамил две лица, наведувајќи ги да се потпишат наводно на пристапници за зачленување во Независниот синдикат на полиција, а притоа им поделил пристапници за тогаш се уште неформираниот Синдикат на полиција во Македонија, велат од Обвинителството.

Ваквите исправи, со помош на вториот обвинет 46-годишник од Битола, првообвинетиот ги искористил за упис и регистрација на синдикалната организација.

Кон барањето за регистрација на синдикатот биле приложени записници од наводно одржано основачко собрание на Синдикат на полиција во Македонија со список на присутни, иако такво основачко собрание воопшто не било одржано.​

22.05.2023 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега