Со „корвета“ ја бркаше жртвата и ја уби во Центар - Кој е „Ацe Циганот", уапсен по 27 години?

 

Македонскиот државјанин Ацо Боцевски, познат под прекарот „Циганот“, кој беше во бегство повеќе од две децении, е уапсен во Грција. 

- „ На26.05.2025  од страна на грчката полиција сме известени дека го лишиле од слобода Ацо Боцевски кој беше баран со меѓународна потерница по наредба на Основен суд Скопје І од 30.06.1998 година за издржување казна затвор во траење од 15 години за извршено кривично дело по член 123 (убиство) од Кривичниот законик на РСМ“, изформираа од МВР.

Боцевски беше осуден за убиство на Сеат Ибраими, извршено среде бел ден во ноември 1997 година во центарот на Скопје, по кратка автомобилска брканица низ скопските улици. 

Ибраими, управувајќи „мерцедес“, излетал од патот во близина на зградата на осигурителната компанија „Кјуби“. Боцевски, кој управувал „корвета“, застанал зад него, излегол од возилото, и ладнокрвно го застрелал Ибраими со повеќе истрели, испразнувајќи цел шаржер од пиштолот. Трговецот со кафе беше убиен оти претходно дго истепал Боцевски.

Боцевски, иако осуден на затворска казна од 15 години на 30. јуни 1998 година и беше пуштен од домашен притвор.

 

27.05.2025 - 09:04

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега