Словенија во портокалова фаза за опасност од невреме, задолжителна зимска опрема

 


Агенцијата за животна средина издаде портокалово предупредување за југозападниот и централниот дел на Словенија поради силниот ветер. Портокалово предупредување е издадено за јужниот дел од земјава поради снежни услови. Температурите паднаа, а на места како и во Хрватска и за повеќе од 10 целзиусови степени.

 

Заладувањето од североисток напредува кон западот на земјата. Дува силен североисточен ветер. Во северна Словенија почна да се развива невреме, а врнежите ќе се интензивираат во следните неколку часа, пишува Агенцијата за животна средина, пренесува Н1.

„Во појасот од Горењска до Корушка се очекуваат врнежи од 30 до 60 милиметри. На повисоките места над околу 800 метри може да наврнат околу 20 сантиметри снег“, соопшти Агенцијата за животна средина на Република Словенија.

Сообраќајниот информативен центар предупредува дека зимската опрема е задолжителна и по 15 март во случај на снег на коловозот.

16.04.2024 - 17:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега