Скопски градоначалник уплати пари за лекување на Леонид: Бажо, нема да се туркаш на раце - скутерот ќе остане за тебе

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. уплати 30.000 денари на сметката за лекување на младиот Леонид Индов кој неколку недели е во Виена, но државата се уште нема одобрено финансиски средства. Ова доаѓа по претходната објава на кочанчанецот Благојчо Ѓоргиев дека го продава инвалидниот скутер, ако минимум 30.000 денари завршат на сметката на Леонид.

-Обајавата на Благојче ме трогна, вели дека тој има сила да се турка и на раце, само Лео да оздрави. Не Бажо, нема да се туркаш на раце. Скутерот ќе остане за тебе, а ќе го станеме и Лео на нозе. Сплотени, вели Орце Ѓорѓиевски.

26.02.2024 - 19:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега