Скопјани добија градски автобуски превоз - возачите се вратија на работа

 

Автобусите на ЈСП почнаа да сообраќајат, потврдија од Синдикатот за „Прес24“.

Веднаш по донесување на одлука на седницата на Советот на Град Скопје, синдикалците најавија состанок на којшто ќе се одлучува дали автобусите ќе сообраќаат уште вечерва, или во текот на утрешниот ден.

На координативниот состанок на синдикалците е одлучено работниците да се вратат на работа уште веднаш, па така скопјани ќе може да го користат автобускиот јавен превоз и да стигнат на своите дестинации и вечерва.

За потсетување, утрово од 9 и 40 часот вработените во јавното сообраќајно претпријатие стапија во штрајк, а одржаа и протест пред бараките на Советот на Град Скопје. Пред да биде донесена одлука за префрлање на субвенциите од 11 милиони евра на претпријатието, претходеа две вонредни седници на Советот на градот. 

22.01.2024 - 18:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега