Скопјанец во домот ја натепал сопругата, а потоа и нивниот 18-годишен син
Семејно насилство се случувало пред два дена во дом на подрачјето на Бит Пазар, кога скопјанец ги нападнал својата сопруга и нивниот син.
41-годишната жена вчера во полицијата го пријавила случајот.
Според пријавеното, нејзиниот сопруг првин ја нападнал неа, а потоа и нивниот 18-годишен син.
Од полицијата велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.
17.10.2023 - 18:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа