Оваа земја се подготвува за војна со изградба на засолништа

 

Почнувајќи од следната година, Естонија ќе бара изградба на нови големи згради со засолништа за луѓето.

Министерството за внатрешни работи на земјата има развиено релевантен концепт. Според него, нови јавни објекти и станбени згради со површина од 1.200 метри квадратни или повеќе ќе мора да имаат изградено засолништа, пренесува Милитарњи.

словот за засолниште се однесува на индустриски објекти од 1.500 квадратни метри или повеќе. Во исто време, ако површината на јавниот објект надминува 10.000 квадратни метри, засолништето мора да биде достапно за сите минувачи.

Детален опис за тоа како ќе бидат проектирани и изградени засолништата треба да биде готов до лето, но естонското МВР веќе има прелиминарни работи.

14.02.2025 - 23:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега