Скопјанец украде куче од двор во Драчево

 

Полицијата приведе 50-годишник од селото Студеничани, Скопско поради кражба на куче.

Тој се сомничи дека вчера околу 9 часот наутро, од двор на подрачје на Драчево одзел куче домашен миленик, сопственост на Н.Т.(41) од Скопје.

„Кучето било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

17.12.2023 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега