Скопјанец криумчарел мигранти

 

На 04.02.2024 околу 19 часот, од страна на полициски службеници од Полициската станица граничен надзор и гранични проверки Богородица, бил лишен од слобода Д.А.(39) од Скопје.

 

При преглед во возилото „ауди“ со српски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник.

 

Мигрантите бил сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, а лицето било задржано во полициска станица. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

05.02.2024 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега