Скелиња се урнаа на градилиште во Хамбург, загинаа пет работници, неколкумина се водат за исчезнати

 

 

Пет работници загинаа кога се урна скеле на големо градилиште во Хамбург, пристаништен град во северна Германија, а неколку лица се водат како исчезнати, изјави портпаролот на противпожарната служба.

Причините за несреќата сè уште не се познати, додаде тој. „Неколку луѓе се закопани под скелето и се водат како исчезнати“, рече портпаролот. На терен се 70-ина члена на спасувачките екипи.

Несреќата се случи во Хафенсити, област на голем проект за обнова на поранешниот дел на пристаништето Хамбург.

Според  дневниот весник „Билд“, скелиња се срушиле во „Вестфилд Хамбург – Уберсеквартиер“, нов деловен, станбен и рекреативен комплекс, кој ќе вклучува и нов терминал за крстарење.

Работниците што загинаа го граделе окното на лифтот кога скелето се урнало згмечувајќи најмалку осум работници, според АФП.

„Целата област во која работеа околу 700 работници е евакуирана“, пишува „Билд“.

30.10.2023 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега