Скандал во Велика Британија: Повеќе од 40.000 луѓе добиле неточни резултати од ковид-тестирање

Прекинато е тестирање со ковид-19 во лабораторија во Велика Британија, по појава на сомнеж дека одредни резултати се грешни.

Проблемот којшто се јавува е следниот, има грешни резултати за околу 43.000 лица. Почната е истрага.

Имено лица кои имале негативен ПЦР тест, претходно биле позитивни на апарат на кој се спроведува самото испитување.

– Како резултат на нашата истрага, работиме со фирмата на утврдување на техничките проблеми во лабораторијата кои доведоа до тоа на луѓето да им се даваат негативни резултати од ПЦР тестовите – вели Вил Валфаре од британската Агенција за здравствена безбедност.

Во периодот од 8 септември до 12 октомври, од направени 400.000 тестирања, неточни биле на 43.000 лица.

15.10.2021 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега