Скандал во охридската болница: Лекарка направила абортус на една пациентка, го запишала кај друга

 

Вистински хаос се случил во охридската болница. Имено, лекарка од истата институција направила абортус на една пациенткаа го завела како да ѝ го извршила на друга пациентка, која воопшто не ни била бремена.

Кривична пријава за фалсификување деловни книги си заработила лекарка, откако, согласно пријавата на полицијата, го фалсификувала и потписот на началникот на одделението, за лажно да ја завери интервенцијата.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.Ф.(60) од Охрид поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“. Лицето, на 15.12.2022, во својство на доктор на едно одделение во општата болница во Охрид, извршило лекарска интервенција врз едно лице, по што интервенцијата ја завела со лични податоци од друго лице, а потоа со фалсификување на потписот од раководителот на одделението ја заверила интервенцијата“, информираат од СВР Охридд.

Според „Алсат“, иако настанот се случил во декември лани, истрагата сѐ уште е во тек, бидејки жената била недостапна за обвинителството.

„Кривичната пријава е примена и оформен е предмет во Основното јавно обвинителство Охрид, кое постапува и презема дејствија за испитување на настанот“, велат од ЈО за „Алсат“.

Во меѓувреме, како што јавува телевизијата, 60-годишната докторка и натаму оди на работа во болницата. Таа и претходно била суспендирана од работа за друг случај. Против неа се водел и судски спор, кој го добила, па болницата ѝ платила оштета од милион денари (околу 16.000 евра) и била вратена на работа.

11.05.2023 - 18:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега