Сите загинати во фаталната сообраќајка биле патници: Се враќале од работа
Тројцата загинати во фаталната сообраќајка на патот Скопје-Велес, биле патници во комбето. Неофицијално Прес24 дознава дека станува збор за лица кои се враќале од работа, а комбето припаѓа на приватна компанија.
Во меѓувреме, откако се превртело комбето пред тунелот, пет лица се борат за живот и итно се транспортирани во болница.
За потсетување, како што објавивме претходно, комбето се превртело во 17.45 часот.
„Досега е констатирана смрт кај три лица, а пет се пренесени во болница за укажување помош. На лице место се упатени полициски екипи и јавен обвинител, изјавија од МВР за Прес24.
Скопје-Велес е се уште затворен за сообраќај. Полициските екипи се на терен и прават увид на местото на несреќата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа