Сите возила на ЈСП се повлечени од сообраќај
ЈСП Скопје ја информира јавноста дека од утринава, по налог на МВР, сите возила на ЈСП Скопје се повлечени од сообраќај.
Причина за тоа е анонимна дојава за поставена рачна бомба во едно од возилата.
„Екипите за антитероризам се на терен и постепено возилата се вклучуваат на линија по претходна соодветна безбедносна проверка. Лицето, вработено во ЈСП, а кое ја испратило заканата е приведено од страна на МВР“, соопштија од претпријатието.
ЈСП соопшти дека нема да дозволи било какви уцени, закани, притисоци и обиди за саботажи да го нарушат работниот процес на претпријатието и ќе продолжи да работи во на интерес на граѓаните. Безбедноста и сигурноста на вработените во ЈСП и скопјани секогаш е приоритет на претпријатието.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа