Син му ја уби Данка, а тој тагува по марулите: Шокантна изјава на таткото на убиецот

 

Срѓан Јанковиќ (50), работник во Јавното претпријатие за комунални дејности „Водовод“ од Бор, е во притвор поради сомнение дека ја убил Данка Илиќ (2). Според кривичната пријава, делото го сторил заедно со Дејан Драгијевиќ (50).

Репортерите на „Телеграф.рс“ денеска го посетија таткото на осомничениот Јанковиќ. Додека зборувал за злосторството, тој плачел.

-Не знам што да кажам. Немам повеќе зборови, искрено не знам во што да верувам, што точно е вистината. Се будам навечер, плачам, тешко ми е. Срѓан го видов само во Бор, а не знам кога повторно ќе гоп видам, вели Душан Јанковиќ.

Тој во разговор со новинарите застана во одбрана на својот син и тврди дека неговата вина не е докажана. Тој дури најави дека ќе ја тужи полицијата доколку се докаже дека неговиот син не е виновен.

Причината за ова е повеќе од бизарна – лут е затоа што полицијата му ја уништила зелената салата.

Тој бил видно лут и незадоволен што полицијата во потрага по телото на девојчето му ја ископала градината со зелена марула.

„Уништија сè и го расфрлаа ѓубривото. Ми ја уништија целата зелена салата, ќе имаме перипетии. Уништија сè. Погледнете што направија со оваа салата. Нели е жално“, изјави Јанковиќ.

08.04.2024 - 17:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега