Силно невреме преврте камион во Хрватска
Снег падна на Завижан, во Хрватска, а според податоците на Државниот хидрометеоролошки завод, дебелината на снежната покривка на тој планински врв на северен Велебит е 23 сантиметри.
Силен ветар, кој личи на ураган, превртел камион кај Камењак. Под Велебит налетите на ветрот достигнуваат до 140 километри на час.
Поради ураганското невреме, многу патни правци во Хрватска, особено на Јадранот, се затворени за сообраќај, а возачите се повикуваат да бидат внимателни поради силниот ветер и лизгавите коловози.
22.11.2023 - 14:21
Фото:
H1
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа