Сиљановска Давкова на средба со Лудва - Разменети мислења за актуелните состојби во поширокиот регион

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатарални односи меѓу двете држави, кои годинава одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи, при што беше истакната посветеноста за натамошен развој и јакнење на партнерските односи, што e изразено преку интензивен политички дијалог и во економската соработка.

Претседателката Сиљановска Давкова ја истакна важноста на силната поддршка што Чешка ја дава за европските аспирации на нашата држава и на регионот, како на билатерално ниво, така и во рамки на институциите на ЕУ и преку делувањето во рамки на Вишеградската група. На средбата се разговараше и за текот на реформскиот процес, при што претседателката Сиљановска Давкова го посочи формирањето на Министерството за европски прашања како важен чекор што ја демонстрира посветеноста на државата кон европската агенда.

 

На средбата беа разменети мислења за актуелните состојби во поширокиот регион.

01.07.2024 - 14:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега