Тројца нови сведоци водат до телото на Данка: И осомничениот Дејан побара повторно да зборува
Во Вишото јавно обвинителство Заечар, во петок во 10 часот е закажано сослушувањето на тројца нови сведоци во случајот за убиството на Данка Илиќ (2), пренесува српски Телеграф.
- Сослушувањето на тројцата нови сведоци е закажано за 05.07.2024 година. во 10:00 часот. Осомничениот Дејан Драгијевиќ преку својот адвокат поднесе барање повторно да биде сослушан како осомничен.
Данка Илиќ исчезна на 26 март годинава, а нејзиното тело се уште не е пронајдено.
За ова дело се осомничени Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, вработени во ЈКП „Водовод“. Тие се во притвор.
Инаку, Драгијевиќ на рочиштето во обвинителството го призна делото и детално го опиша, но не можеше да се сети каде го фрлиле телото на несреќната девојка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа