Силен земјотрес во Јапонија, има повредени
Неколку лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала што рано утринава ја погоди Јапонија, а најмногу се почувствува во Токио, како и во префектурата Чиба.
Земјотресот се случи во 4:16 часот по локално време, а ова е прв пат од март 2012 година префектурата Чиба да биде погодена од земјотрес со јачина поголема од пет степени. Евидентирани се помали штети.
Најмалку четири лица се повредени. Не е издадено предупредување за цунами, јавува агенцијата Кјодо.
Јапонската метеоролошка служба ги советува граѓаните да бидат внимателни.
11.05.2023 - 10:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа