Украинците им направи проблеми на Русите: Дрон предизвика пожар во руската нуклеарна електрана

 

Руската противвоздушна одбрана синоќа пресретна и собори украински дрон во близина на нуклеарната електрана во рускиот пограничен регион Курск. Остатоци од беспилотното летало предизвикаа пожар во електраната.

Според оператор и покрај пожарот во нуклеарната електрана не е зголемено нивото на радиоактивно зрачење.

– Дронот соборен по полноќ експлодира и го оштети трансформаторот, соопшти нуклеарната електрана Курск на Телеграм, додавајќи оти пожарот е изгаснат и нема жртви.

По нападот, еден од четирите реактори работи со 50 отсто од капацитетот.

– Нивото на зрачење на индустриската локација на нуклеарната електрана Курск и во околината не е променето. Во нормални граници е, се наведува во соопштението. 

24.08.2025 - 12:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега