Силен земјотрес во Грција - се почувствувал и во Турција

 

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утринава e ја погоди Грција.

Според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), потресот се случил во 6:27 часот по грчко време, во морското подрачје на оддалеченост од 15 километри од островот Родос.

Потресот бил на длабочина од 60 километри, а се почувствувал и во Турција.

 

08.03.2024 - 08:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега