Силен земјотрес на Филипините

 

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Минданао, на Филипините, соопшти денеска Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).

Според ГФЗ, земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Филипинската сеизмолошка агенција соопшти дека земјотресот во провинцијата Давао Ориентал бил со јачина од 5,3 степени и дека се очекуваат последователни потреси и штети, пренесе Ројтерс.

09.08.2023 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега