Силен земјотрес ја погоди Грција
Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала се случи во 3:06 часот наутро по локално време во Грција во Коринтскиот Залив, според податоците од Атинскиот геодинамички институт.
Силен земјотрес од 4,8 степени што беше регистриран во Коринтскиот Залив беше почувствуван и во Атика, пренесува Катимерини.
Во соопштението на Атинскиот геодинамички институт се наведува дека епицентарот на земјотресот бил 13 километри југоисточно од Галаксиди, а епицентарот бил на длабочина од 13,5 км.
Коринтскиот Залив е чувствителна зона која се карактеризира со висока сеизмичност и честа појава на земјотреси, наведува „Катимерини“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа