Шведска и понатаму фаворит на обложувалниците за победа на Евросонг

 

 

Два месеца до овогодинешниот Евросонг кој ќе се одржи во Ливерпул, и речиси сите земји кои учествуваат на натпреварот избраа свои претставници.

Единствено сè уште не се знае која песна ќе ги претставува Шведска и Португалија. Тие во сабота избираат свои претставници.

И покрај тоа што не се знае кој ќе пее за Шведска, оваа земја со недели го држи првото место во обложувалниците со песната Tattoo на Лорин. Таа победи на Евровизија во 2012 годинасо песната Euphoria, а годинава се пласираше во финалето на „Мелодифестивален“.

Многумина сметаат дека Лорин и оваа година ќе ја претставува Шведска на Евровизија и дека повторно ќе победи. Нејзината песна веќе е на топ- листите во Велика Британија и Ирска.

10.03.2023 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега