Шукова: МЖСПП е отворено за поддршка на општините доколку им е потребна

 

Mинистерката за животна средина и просторно планирање Kаја Шукова и стручните лица на МЖСПП одржаа работен состанок со градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов и со Петра Поп Ристова од Милеуконтакт, организација што ѝ обезбедува експертска поддршка на општината.

Целта на состанокот беше да ѝ се помогне на општина Дојран преку давање насоки за што поитна изработка на  квалитетна Студијата за ревалоризација на природните вредности на споменикот на природата Дојранско Езеро и следствено и на Планот за управување со заштитеното подрачје. Тоа се двата основни документа што ќе овозможат подобра заштита на Езерото и ќе овозможат унапредување  на одржливото управување со природниот ресурс.

Исто така, се разговараше и за начините како да се забрза реализацијата на проектот „Реконструкција и надградба на колекторскиот систем и пречистителна станица во општина Дојран“ за што Владата досега ѝ има доделено на општина Дојран средства во висина од 135 милиони денари, а што е од витално значење за заштитата на водите на Езерото. 

03.04.2023 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа