Шукова: Ќе се прави контрола зошто не се наплатени 153 милиони евра во Буџетот на МЖСПП
Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова вечерва најави дека ќе се прави истрага зошто во Буџетот на Министерството не се наплатени 153 милиони евра од носителите на А-интегрирана дозвола, а 492 милиони евра се отпишани како застарени.
-Евидентиран е недостаток со Извештајот на Државниот завод за ревизија, правиме напори да го надминеме за да немаме вакви состојби и во иднина, а тоа значи дека ќе направиме контрола прво на сите издадени решенија, на сите што треба да се издадат, особено во однос на А-интегрираните дозволи. Во однос на надоместоците преземаме сериозна акција за да се воспостави еден систем на контрола. Најверојатно ќе биде некое софтверско решение во кое точно ќе знаеме влез и излез, направено и ненаправено за да можеме да знаеме кој правилно работи, а кој греши, кажа министерката во „Топ тема“ на телевизија Телма.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа