Штипските пожарникари интервенираат на пожар во атарот на Горно Трогерци

Гори нискостеблеста шума, сува трева во атарот на селото Горно Трогерци, а огнот во моментов се движи во правец на село Долни Трогерци, изјави за МИА командирот на смена во Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ)-Штип, Богданче Зарков.

-Од синоќа се гасне овој пожар, ние сме веќе трета смена на пожарникари. Направени се обрачи, пресеци со механизација околу селата. Во селото Горно Трогерци има четири фарми со добиток, не се во опасност, вели Зарков.

Посочува дека на терен се 14 пожарникари, вработени на ЈП „Национални шуми“, месното население кои од земја го гасната огнот. Инаку овој пожар се движи во насока на атарите на селата Долно Трогерци и Судиќ. Во градот Штип има чад и  мириса на саѓи.

30.07.2024 - 15:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега