Шпанското кралско семејство заедно првпат по пет години
Шпанскиот крал Хуан Карлос Први пристигна во Мадрид првпат по пет години за да присуствува на гала -ечера по повод 18-тиот роденден на принцезата Леонора и нејзината заклетва како престолонаследник.
Тој пристигна во Шпанија заедно со кралицата Софија со приватен авион обезбеден од емирот на Абу Даби и од претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Мохамед бин Зајед, пренесува „Ел паис“.
Хуан Карлос Први ја искористил посетата и за да разговара со својот син, кралот Филип Шести, пренесува весникот, додавајќи дека тој ја поминал ноќта во кралската палата „Ел Пардо“.
01.11.2023 - 20:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа