Шолц паднал додека трчал: Поради модринките, ги откажал сите состаноци
Германскиот канцелар Олаф Шолц паднал додека трчал и добил модринки на лицето поради што ги откажал состаноците планирани за овој викенд, соопшти германската влада.
Владата објави дека 65-годишниот германски лидер доживеал мала спортска несреќа и дека ги откажал состаноците закажани за недела во областа Хесен, каде што на 10 октомври се одржуваат локални избори.
На веб-страницата на неговата партија Шолц напиша дека мразел спорт кога бил на училиште, но дека го засакал под влијание на неговата сопруга Брита Ернст.
„Денес џогирам онолку често колку што можам“, објави тој на веб-страницата, а во истиот дел се наведува дека се труди да најде повеќе време за трчање, веслање или пешачење, барем два или три пати неделно, како и да ужива во возење велосипед.
Шолц е германски канцелар од декември 2021 година, а претходно беше министер за финансии и градоначалник на Хамбург.
Wer den Schaden hat…
Bin gespannt auf die Memes. Danke für die guten Wünsche, sieht schlimmer aus, als es ist! pic.twitter.com/bB5INX8HnM— Bundeskanzler Olaf Scholz (@Bundeskanzler) September 4, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа