Шолц го нападна Путин: Неговите изјави не може да бидат поцинични

 

Германскиот канцелар Олаф Шолц остро го критикува рускиот претседател Владимир Путин дека жали за судбината на цивилите во конфликтот меѓу Израел и Хамас, а неговата војска војува во Украина.

Путин предупреди дека очекуваната копнена офанзива ќе доведе до апсолутно неприфатливи цивилни жртви. Тој исто така го опиша смртоносниот напад врз болницата во Газа претходно оваа недела како трагедија.

Шолц му рече на германскиот парламент: „Ме прави повеќе од бесен кога слушам како рускиот претседател постојано предупредува дека може да има цивилни жртви во вооружен конфликт. Неговите изјави не може да бидат поцинични“.

19.10.2023 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега