Шест лица загинаа во напад на пошта во Харков
Најмалку шест лица загинаа, а 14 се ранети во вчерашниот руски ракетен напад врз пошта во близина на Харков, во североисточна Украина, соопштија локалните власти.
„Шестмината убиени и 14 ранети во нападот на окупаторите беа вработени во компанијата на терминалот Нова Пошта“, изјави гувернерот на Харковската област Олех Сињехубов.
Веста на Телеграм ја објави и украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Регион Харков. Руска ракета го погоди терминалот Нова Пошта. Тоа е обичен цивилен објект. За жал, има жртви. Мое сочувство до роднините и пријателите“, напиша Зеленски.
22.10.2023 - 10:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа