Шекеринска: 14 години Александар Николоски ветуваше решение за водоснабдувањето во неговиот роден крај - проблемот го решивме ние

Заменик претседателката на СДСМ и носител на листа во ИЕ5 - Радмила Шекеринска денеска беше во посета и на Издеглавје.

-Денеска сме во Издеглавје каде што можеме да видиме дека после 14 години ветување најпосле се решава проблемот со водоснабдување. Ова зад мене е резервоарот кој што 14 години  бил ветуван и не бил реализиран  се досега. А со овој резервоар се решава проблемот на водоснабдување на Издеглавје  но и на Слатински чифлик. После толку години граѓаните веќе изгубиле верба, но еве сега се гледа дека проектот е на крај. Овој проект е реализиран благодарејќи на напорите на општината со средства од општината Дебарца но и со средства од Владата. Она што е интересно е дека сите коментираат дека ова е селото од каде што потекнува Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ кој 14 години ги убедувал  дека ова ќе го направат, рече Шекеринска.

Вели дека ВМРО-ДПМНЕ требало да биде две и пол години да биде во опозиција за Издеглавје да го добие ветениот резервоар.

- Можеби затоа Александар Николовски  избега од 5-ка и замина да им нуди нови ветувања на некои други граѓани, рече Шекеринска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 19:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега