Шаоми е најпродаваниот телефон во Европа

 

Првпат досега, Шаоми е најпродаваниот телефон во Европа.

 

Кинескиот гигант „Шаоми“ продолжува со растот и во производството и во продажбата.

 

Тој неодамна го престигна Епл и стана втор најпродаван телефон во светот, а сега, првпат, е најпродаван во Европа.

„Стратеџи аналитикс“ објави дека во вториот квартал Шаоми го престигнал Самсунг. Продадени се 12,7 милиони мобилни телефони во Европа во вториот квартал, што претставува скок од 67,1 отсто.

Самсунг забележа пад за седум проценти и продаде 12 милиони апарати, па Шаоми сега се наоѓа пред него.

Исто така, и Епл постигна раст од 12,7 отсто, најмногу благодарејќи на моделот „Ајфон 12“.

Шаоми најмногу се продава во Русија, Украина, Шпанија и Италија.

03.08.2021 - 20:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега