Северна Македонија се подготвува за успешен старт на домашна берза на електрична енергија

 

Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари средба со претставници на Американската агенција за меѓународен развој УСАИД, со фокус на енергетиката. 
 
На средбата присуствуваа и Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, Симон Шутиноски, управител на националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, Виктор Андонов,соработникот за енергетика во Канцеларијата на претседателот на Владата како и Васко Кичевски, секретар за јавни политики, координација и следење на програмата на Владата.

На средбата беа разменети мислења за плановите за стартување на националнaта берза на електрична енергија-МЕМО, како и потребните предуслови за нејзино функционирање. 

 
При тоа, беше нагласено дека создавањето на МЕМО е чекор кон поврзување на домшниот пазар со соседните , кој ќе биде дел од европскиот пазар.

Премиерот Ковачевски, на средбата, нагласи дека законодавството на Северна Македонија е прилагодено на законодавството на ЕУ со што се создадени предуслови за почеток на македонската берза за електрична енергија.

Во таа насока, тој додаде дека Владата ги поддржува заложбите за носење на одржливи решенија на полето на енергетиката.

Џери Дибл, претставникот на Канцеларијата на УСАИД во земјава, нагласи дека УСАИД обезбедува континуирана поддршка на Северна Македонија во делот за реформски процеси во секторот енергетика, вклучувајќи ги и напорите кон понатамошно интегрирање во регионалниот и европскиот енергетски пазар.

Берзата на електрична енергија е пракса во цела Европа, како и во целиот свет.  
22.02.2023 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега