Сергеј Трифуновиќ депортиран од Хрватска - се врати во Белград

 


Актерот Сергеј Трифуновиќ е депортиран од Хрватска, пишува Телеграф.рс.

Актерот на 22.09. пристигнал во Белград, а цело време со него била и сопругата Исидора, родена во Риека.

Потсетуваме, Трифуновиќ беше протеран од Хрватска на три месеци. Овој пат санкцијата не важи за ЕУ, туку само за Хрватска. Одлуката за протерување стапи во сила во првата минута на 23 септември, па Трифуновиќ на 22 септември мораше да биде надвор од територијата на Република Хрватска.

Тој беше уапсен минатата недела околу полноќ на граничниот премин Бајаково додека поминувал од Србија кон Хрватска. Потоа бил спроведен во Општинскиот суд за прекршоци во Сплит. Трифуновиќ пред судот еден ден претходно изјави дека не се чувствува виновен за она за што е обвинет.

24.09.2024 - 09:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега