Семејствата им оддаваат почит на загинатите во експлозијата на подморницата „Титан“

 

 

Семејството на британскиот милијардер Хамиш Хардинг, авантуристот кој загина во експлозијата на подморницата „Титан“ со уште четворица патници, му оддадоа почит на својот „посветен татко“.

Пет патници загинаа во експлозијата на подморницата за време на патувањето до потонатиот брод Титаник – милијардерот Хамиш Хардинг, пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот син Сулејман, францускиот океанограф и експерт за Титаник Пол-Хенри Наргеолет и Стоктон Раш, основач на компанијата „Океангејт“.

Семејството на Хардинг во соопштение наведува дека тој е „страствен истражувач, без разлика на теренот, кој живеел за своето семејство, својата работа и за следната авантура“.

Неговата смрт остави „празнина во нашите животи која никогаш не може да се пополни“, објави неговото семејство, додавајќи дека се „обединети во тагата“ со семејствата на другите жртви.

„Со тешко срце и голема тага жалиме за загубата на нашиот потпретседател Шахзада Давуд и неговиот сакан син Сулеман Давуд“, се вели во соопштението на Енгро Корпорејшн“, пакистански конгломерат.

23.06.2023 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега